ТВ Сител објавува нов скандал во општина Центар. Марко Ружин, синот на Нано Ружин, висок функционер во ЛДП и бивш амбасадор, веќе некое време работи во Општина Центар. Според извори на телевизијата од ЛДП, вработувањето на младиот Ружин е резултат на пазар во внатрешните игри во ЛДП.
– Своевремено, Нано Ружин му беше опозиција на Жерновски во партијата, за да се смири ситуацијата падна договор за вработување на неговиот син, вели неименуван извор.
Во оделението за Односи со јавност, Жерновски го вработил членот на Извршниот одбор на подмладокот на ЛДП, Емил Лазарeвски.
Лазаревски во последните неколку години е еден од истакнатите активисти на ЛДП, а пред две години на прес-конференција глумеше некаква жртва на режимот. Денес тој е задолжен за лиферување на соопштенијата до јавноста кои ги праќа општината, објавува Сител.
Освен од подмладокот на ЛДП, и подмладокот на СДСМ ќарил од партиските вработувања на Жерновски. Во администрацијата на Центар е вработен и Давид Геровски, кој е активист на СДММ и се наоѓаше на Изборната листа на партијата.
Вчера, Сител објави листа од осум лица кои по партиско-роднинска релација се преземани од Карпош во општина Центар. Ден по скандалот, Жерновски не одговара на телефонските повици.
Жерновски ја вработил Антица Сашек, мајка на Саша Сашек, која е член на советот на Општина Центар и гласа за неговите предлози. Го вработил и Стојан Алексов, таткото на советникот на СДСМ во општина Карпош, Мартин Алексов. Ја вработил и Маја Ралевска, која е секретар на Општинската Организација на СДСМ во Карпош.
Место под покривот на Жерновски си нашла и Јулијана Хаџиевска, која е мајка на шефицата за протокол на Зоран Заев, Ивана Хаџиевска.
Наташа Иванова важела за блиска соработничка на Андреј Петров додека тој беше В.Д градоначалник на Карпош, сега таа е преземена од нејзиното работно место и работи во општина Центар.
Истото Жерновски го направил и со Вукица Куновска чиј сопруг е бизнис соработник на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, но и со членот на извршниот одбор на СДСМ во Карпош, Дане Стојковски.
И поранешната вработена во кабинетот на Радмила Шекеринска, Стефанија Макаровска е преземана од општина Карпош и сега работи во Општина Центар, нејзината тетка Даница Мартиновска е советничка на СДСМ во општина Карпош.
Сите овие луѓе претходно биле вработени во Општина Карпош и со години биле на истите работни места. Од Карпош велат дека никој од нив не е отпуштен, сите се префрлени во Општина Центар по барање на Жерновски.
Според информациите на Сител, освен од Карпош, Жерновски преземал вработени и од Општина Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба. Како што велат нашите извори од Центар, неговиот план бил да ги преземе сите кадри на СДСМ кои работат во другите општини и од Општината Центар, која би треба да е сервис на сите граѓани, да направи партиско дувло.
Тој често обвинува за партизација на институциите, но по сѐ изгледа департизацијата ќе треба да ја почне од својот двор.
Скандалот со партиските преземања е само еден од низата на скандали во кој е вмешан градоначалникот на Центар. Минатата недела тој беше во центарот на вниманието заедно со хаусмајсторот-милионер кој го поставил за главен општински инспектор.
Освен овие вработувања, според извори на Сител, и во „Паркинзи Центар“ се вработува исклучиво според партиска припадност.
Една од точките на извештајот на Прибе за Македонија е токму партизацијата на администрацијата. СДСМ често во обид да го затскрие своето работење ја обвинува власта за партизација иако фактите покажуваат дека со своето дејствување СДСМ му нанесува сериозен удар на угледот на државата, заклучува телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
Среде кампања за референдум фрштат огласи за работа во администрација
-
Во овие фирми не бараат факултетска диплома