| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвори концептуалната дизајнерска продавница

unnamed

Домашните дизајнери добија нов концептуален продажен простор наречен „Лотус дизајн стор“ (Lotus Design Store), кој беше отворен вчеравечер на вториот кат во „Скопје сити мол“. Многубројните љубители на домашното дизајнерско творештво, имаа можност парчињата облека да ги видат на манекенките од модната агенција „Подиум“, кои ја имаа улогата на живи кукли.
Во новоотворениот простор своите колекции ги продаваат Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Стефанија Насеска, Оливера Штакоска, Елена Спасовска, Александра Митковска со марките „вибрации“ (Vibrazioni), „лудус“ (Ludus) и „ле бренд“ (Le brand). На продажба се и парчињата накит од „демониум“ (Daemonium) на Магдалена Димковска, „капка јувелри“ (Kapka jewelry), познатиот француски бренд за кожени ракавици „томасин“ (Thomasine), како и „лотус лунг чер“ (Lotus Lounge Chair), „завар дизајн“, „фејдом“, „творница“ и српскиот бренд „му шема“ (MOO SHEMA).
Први од уметничките дела и фотографии што ќе бидат на продажба во иднина се фотографиите од серијата „Пет капки сон“, како и книгите на нашиот режисер Милчо Манчевски.

Концептуалната продавница е наменета за заедничка промоција и продажба на облека, модни додатоци, обувки, мебел, светилки, декоративни елементи, но и скулптури, фотографии и книги, а ќе функционира и како арт простор во кој ќе бидат организирани различни активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top