| четврток, 6 декември 2018 |

Ховит побара одлагање на резолуцијата

ховитИзвестувачот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, Ричард Ховит, на почетокот од расправата за напредокот на Македонија во Комисијата за надворешни работи на ЕП, официјално побара одлагање на гласањето на предложената резолуција за Македонија.

Образложението за одлагање на гласањето на резолуцијата, според Ховит, е поради актуелната ситуација во Македонија која е „крајно загрижувачка“ и која сигурно ако се задржи сегашниот календар за усвојување на резолуцијата од страна на Комисијата за надворешни работи и потоа на пленарна сесија на Европскиот парламент, ќе доведе до негативен текст за Македонија.

– Верувам дека одложувањето ќе биде порака дека ја поддржуваме европската перспектива на земјата, но и дека бараме надминување на моменталната политичка ситуација, рече Ховит.

Тој не даде рок за одложувањето на гласањето, надевајќи се дека ќе има постигнато напредок во изнаоѓањето на решение на сериозната политичка криза. Најголемиот број од европратеиците кои засега зедоа збор во расправата се согласија со предлогот на Ховит, со исклучок на грчката европартеничка Марија Јанаки. Таа смета дека треба да се изгласа резолуцијата во која ќе биде одразена „вистинската политичка ситуација“во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top