Легендарниот Зинедин Зидан од ова лето ќе започне соло тренерска кариера на клупата на Реал Кастилје, односно со вториот тим на кралскиот клуб кој се натпреварува во Секунда дивизија.
Иако ова лето имаше шанса да го преземе францускиот Бордо, Зидан одлучи да остане во Реал и да го води вториот тим во кој игра и неговиот син Енцо.
Зидан претходната сезона му беше помошник на Карло Анчелоти со кого ја освои Лигата на шампиони и Кралскиот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.