Водителката Николина Пишек целосно го промени личниот опис и скоро се преполовила, а нејзините фанови се плашат дека таа е на раб на анорексија. Сепак изгледа дека Николина не се грижи за ваквите коментари и продолжува со ригорозната диета и редовното вежбање, со кои, како што објаснува, одржува совршена линија.
– Од неодамна низ медиумите се пишува дека сум анорексична, иако тоа нема врска со вистината, бидејќи подолг пеирод ја немам променето килажата. Не сум дебела, но не сум ни анорексична – прокоментирала Николина за српски Телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.