| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска се повлекува?

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска се поретко се појавува во јавноста. Иако доби висока раководна функија во партијата, на прсти може да се избори, колку пати Шекеринска се појавила во јавност во периодот по изборите, пишува „Прес 24“.

RadmilaSekerinskaFot

Освен неколку изјави за медиумите кои ги финансира опозицијата, заменичката на Заев воопшто не комуницира со новинарите.

Таа не одговара на телефонските повици, а воопшто не се појавува ниту на прес-конференции.

Партиски извори за „Прес 24“ велат дека пресудно за тоа е последната афера со огромните суми кои како кирија ги добива за станот во кој живее со својот сопруг. Партиски извори велат дека внатрепартиските анкети покажале дека Шекеринска катастрофално котира меѓу граѓаните и дека секое нејзино појавување во јавност, на партијата и носи повеќе штета отколку корист.

Истите извори велат дека не треба да биде изненадување доколку Шекеринска во периодот кој претстои целосно се повлече иако се мали шансите за тоа, со оглед на нејзиното влијание и во овој „подновен“ СДСМ.

Во таква ситуација, во СДСМ решиле да и посветат повеќе партиски обврски, пред се оние поврзани со контактите на најголемата опозициска партија со политички субјекти надвор од земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top