Денеска (25 јуни, среда) во 12:00 часот во Музејот на Берово ќе биде отворена изложбата „Манаки фотографии одблиску“ дел од проектот „Кич, да!?сте или не“. Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија и оваа година продолжува со започнатиот проект “Кич, да!?/ сте или не/”.
Седма година по ред, проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворање на изложбата на фотографии МАНАКИ ФОТОГРАФИ ОДБЛИСКУ, која ја подготви м-р Роберт Јанкулоски.
Фотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзираната лабораторија на Македонскиот центар за фотографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.