– Процесот на гасификација на земјата се одвива непречено. Очекуваме дека во 2014 и во 2015 година ќе почнеме со изградба на сите проекти поврзани со националниот гасовод на државата. И проектот „Јужен тек“ е вклучен во тоа. Очекуваме да има разврска во ЕУ по ова прашање – изјави денеска Крсте Миладинов од Македонски енергетски ресурси, кој учествуваше на конфренецијата „Енергетска политика – потреби“ што се одржа во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и МАЦЕФ.
Гасификацијата е предвидено да оди во две фази. Првата фаза предвидува изградба на национален гасовод од Клечовце, кај Куманово-Штип-Кавадарци и продолжува за Прилеп и Битола и делот за Струмица. Исто така, првата фаза ја опфаќа трасата од Скопје кон Гостивар. Сите други делници се предвидени за втората фаза – појаснува Миладинов.
– Дистрибуцијата, пак, почнува во Скопје, кој веќе е гасифициран град – вели Миладинов.
Приклучувањето на домаќинствата според студијата за оправданост е во просек од околу 6.000 денари за стан од 80 квадратни метри.
Миладинов рече дека во врска со гасификацијата на Скопје беше распишан оглас за јавно-приватно партнерство, кој завршува на 26 јуни.
– Се очекува во наредниот период постапката да продолжи и да се одбере концесионер кој наредните 20 години ќе стопанисува. Се проценува проектот за гасификација на Скопје да изнесува 100 милиони евра – рече Миладинов.
Гасификација во Република Македонија, според него, е исплатлив проект, можеби во некои посебни сегменти во мали градови и мали населби не е, но во целост е исплатливо.
Струмица е единствената општина во Македонија, која има сопствена дистрибутивна мрежа на гас од 20 километри и сопствена компресорска станица со капацитет од 2.500 кубни метри на час.
Зоран Китанов, директорот на Струмица гас, изјави дека во 2012 и 2013 година на гасоводната мрежа во градот се приклучија сите градинки, основни и средни училишта.
– Ако во 2011/12 тие потрошиле 21 милион денари за нафта за греење по гасификацијата во 2013 нивниот трошок за гас изнесува 9 милиони и 800 иллјади денари за гас – изјави Китанов.
Во октомви 2013 година се приклучени и првите домаќинства во Струмица, а трошокот за приклучување ги чинел 700 евра. Општината за првите 115 домаќинства дала субвенции од по 140 евра.
Експертите сметаат дека во следните пет години Македонија нема да има проблем со снабдувањето со гас и доколку не се надмине проблемот со „Јужен тек“ и земјата не се приклучи кон овој гасовод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена
-
Илиовски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација
-
Преку новото сценарио за гасификација, владата на СДСМ ја прави Македонија енергетски зависна од Русија
-
Груевски: Процесот на гасификација тече одлично, постигнат е сериозен напредок во овој проект



