| четврток, 6 декември 2018 |

Балканците во мисија за освојување на црвената планета

MarsOne2025

Пет лица од балканскиот регионот се дел од проект со кој се планира испраќање луѓе на Марс, мисија за која научниците тврдат дека е невозможна.

Вселенското зрачење, метеоридите, долгиот пат и тесниот простор, потоа слетувањето, вежбањето порати атрофираните мускули, работа во стакленик и истражување на околината, вака своето пристигнување и живот на Марс го замислуваат сараевчанката Ана Водопиец и осијечанецот Иван Лехоцки.

Засега тоа е само научна фантастика, но нивниот прв чекор кон друга планета веќе е направен. Од 200.000 кандидати кои се пријавиле за проектот „Марс Оне“, чиј амбициозен план е да испрати прв човечки екипаж на црвената планета до 2025 година, избрани се меѓу 705 лица.

Селекцијата за потенцијални астронаути, чија задача би била колонизација на Марс, сѐ уште не е завршена. На патот без враќање, под името Следен голем чекор за човештвото, замислено е прво да одат шест тимови составени од четворица кандидати, а во потесен избор од земјите од регионот влегоа и Кира Марас и Марко Лукиќ од Хрватска, како и Милош Вујковиќ од Црна Гора.

Меѓутоа, мисијата на холандската непрофитабилна организација „Марс Оне“, веќе наиде на астрономски пречки, со прилично голем број на скептични научници кои одмавнуваат со глава при негово спомнување, како и од недостигот на финансиски средства за проектот за чиј успех потребни се повеќе милијарди долари.

Основачот на „Марс Оне“, Баз Лансдорп сепак не се откажува од патувањето. Отворајќи нови хоризонти, не само на полето на истражување на вселената, туку и маркетинг и телевизија, најавува дека целата селекција астронаути, нивното одење и слетување на Марс ќе го претвори во реалити шоу. Сето тоа само за да обезбеди 6 милијарди долари за освојување на друга планета и гледачи на Земјата.

„Големиот брат“ на Марс

Реалити шоута не му се непознати за Лехоцки, геофизичар кој ги завршува студиите за вселенски науки во Шведска, кој веќе бил во една таква емисија во Хрватска. Меѓутоа, како што вели тој, во овој случај не е воодушевен со таква телевизиска форма.

– Жалам што мораат да прибегнат на ваков начин на собирање на пари, преку концептот „Големиот брат“, но не гледам подобар начин да се обидат да го остварат својот амбициозен план.

Сараевчанката Ана Водопиец, која во војната заминала во Германија, таму дипломирала информатика и магистрирала економска информатика, па се вработила на Универзитетот во Вурзбург, смета дека тоа е еден нов формат на експерименти, кој отвора уште многу нови дипломатски, правни и морални прашања.

На нивното пријавување за мисијата на Марс, околината, пријателите и семејствата реагирале на различни начини, и како што велат на почетокот сето тоа им било забавно, додека не поминале меѓу 705 кандидати.

Сега пред нив се различни тестови и предизвици со кои комисијата сака подобро да ги разбере кандидатите и нивните мотиви за впуштање во оваа авантура.

– На пример, ќе не затворат во тесна просторија на две до три недели. На пример, во случај на Сончева ерупција астронаутите мора да се сокријат во многу мала дел од вселенскиот брод опкружен со вода, кој треба да ги заштити од опасното и засиленото Сончево зрачење. Секако, за сега нема ефикасен штит од константно позадинско вселенско зрачење. Значи, тој едноставен тест многу ќе ги филтрира и ќе исфрли многу други кандидати, вели Лехоцки.

Интервјуата на кандидатите пред комисијата ќе бидат снимани и тука почнува реалити шоуто.

– Од неодамна се знае и кој ќе не снима – „Дарлоу Смитсон Продакшн“ од Лондон која му припаѓа на „Ендемол“, познат по форматот „Големиот брат“ – вели Водопивец.

Некорисно и ризично

Сепак, патот на Марс не се остварува со реалити шоу, смета Даниел Репоњ, иницијатор и уредник на интернетската страница „Звјездарница“, која се бави со астрономија и астронаутика и собира многу научници и автори од таа област.

– Лет на луѓе на Марс нема да се случи во следните 50 години, а најверојатно ни во идните 100. Зошто? Веќе сега јасно се гледа дека развојот на роботиката отиде толку далеку што машините самостојно престојуваат со години на Марс, вели Репоњ.

Според него, луѓето денес едноставно не сакаат да прифатат човекот да не е подготвен на авантура наречена „Пат на Марс“, бидејќи филмската индустрсија за забава е толку совршена што обичните луѓе често не разликуваат што е вистина, а што е фикција.

– Прво, немаме машини кои би биле толку добри за да го забрзаат патувањето низ вселената. Немаме њарп ниту надсветлосен погон. Имаме ракетни мотори на хемиско гориво, кои се се само не поволни за долготрајно патување.

Понатаму, како што вели, не постои технологија која во блиска иднина на човекот ќе овозможи преживување на црвената планета.

– Трошоците во тој момент би биле толку скапи што никој не би можел да ги финансира, уште повеќе што ниту еден долар не може да се врати на инвеститорите. Целосно некорисно, а ризично до бесмисленост.

Меѓутоа, компанијата „Марс Оне“, пред се занимав со маркетинг, а не со истражување на вселената и напредната технологија. Поради тоа, како што замислува нејзиниот основач, користи ресурси на вселенски агенции и на приватни технолошки компании.

Лансдорп веќе тргна кон остварување на својата мисија, потпишувајќи договор со „Парагон“ кој треба да направи системи за одржување на живот. „Парагон“ е компанија која ја дизајнираше опремата за над 70 мисии на летови во вселената, вклучувајќи ги и тие кон Меѓународната вселенска станица.

Во својот план и преговори за лансирање на луѓе на Марс го вклучил и Спејс Икс кој се бави со транспорт на товар во вселената. Спејс Икс е прва компанија која успешно достави товар на ИСС со лансирање на ракетата Фалкон во мај 2012 година.

Тешки први чекори

Сепак, ако дојде до лансирање на луѓе, а не на товар, на многу подалечна дестинација од Меѓународната вселенска станица, искуството за избраните астронаути ќе биде болно.

– Ќе доживеат декалцификација на коските, која за последица ќе има создавање на каменец. При самото доаѓање на Марс првите марсонаути многу тешко ќе ги направат првите чекори. Па, потоа, песочните бури кои неколку месеци ја покриваат едната хемисфера на Марс. Во однос на тоа, добар дел од Сончевата светлина ќе биде блокиран Недостигот на глобалното магнетно поле, па дури и тривијалната работа како сопнување од остар камен, можат да бидат фатални за првите жители на другата планета, истакнува Лехоцки свесен за ризиците.

Неговата потенцијална идна сопатничка на својот живот по слетувањето на Црвената планета исто така не го гледа како безболно искуство.

А дали тие навистина мислат дека еден ден ќе се најдат на Марс, наспроти скептицизмот на научниците?

– Мисијата сигурно е возможна, само е прашање на време. Сигурно нема да успее да се изгради се во рокот и да биде подготвено за нашето заминување, сметам на пет до шест години доцнење, оптимист е Водопиец.

Од друга страна, кандидатот од Хрватска смета дека ни од блиску не е сугирно дека оваа мисија ќе заживее.

Како што вели, на „Марс Оне“ не му оди ни во прилог податокот дека над 50 отсто мисии со испратени кон Марс, пропаднале. Сепак, додава дека некаде мора да се почне.

– Многу авантуристи ги дале животите обидувајќи се да летаат. Да немало такви луѓе и ден денес сплавовите и кочиите би биле основни превозни средства. За сто години патот на Марс веројатно ќе биде тривијален како денес летот со авион од Лондон до Њујорк – вели Лехоцки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top