| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Самсоненко казнет од ЕХФ со 4.000 евра

Европската ракометна федерација (ЕХФ), очекувано, го казни првиот човек на Вардар, претседателот Сергеј Самсоненко, со 4.000 евра.
Самсоненко по реваншниот дуел од четврт-финалето на РК Вардар со Фленсбург не беше задоволен од арбитражата на мечот и гласно проговори на прес-конференција. Подоцна беше направено и видео од судиските грешки на штета на Вардар.
Ракометниот суд на ЕХФ смета дека забелешките од Самсоненко се навредливи за органазицијата и не ги почитува фер играта и кондексот на однесување кој секој клуб го има потпишано со ЕХФ.
Половина од казната, односно 2.000 евра, е условна и е во траење од една година, почнувајќи од денот на донесувањето на пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top