| четврток, 6 декември 2018 |

Евростат: Цените во Македонија речиси половина пониски од просекот во Европа

zenski-plakar

Цените во Македонија се речиси за една половина пониски во однос на просекот во Европа. Во најновиот извештај на Европскиот завод за статистика се посочува дека потрошувачките цени во Македонија се на ниво од 47 отсто од европскиот просек.
Регионално, блиску до нас се  Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора  и Бугарија, која веќе е членка на Европската унија. Највисоки се цените во Данска со дури 40 отсто над европскиот просек, Луксембург со 23 отсто повисоки цени, Шведска со 30 отсто, Финска каде што цените се 23 отсто, каде граѓаните плаќаат повиски цени далеку над европскиот просек.
За Македонија, бројките  покажуваат дека облеката во земјава се продава по речиси европски цени, додека значајно поевтини се  алкохолот и тутунот. Цените на храната во земјава изнесуваат речиси 60 отсто од европските.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top