Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на дериватите. Според новиот ценовник, што ќе стапи во сила од ноќеска, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 3,50 ден и изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден и изнесува 71,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,50 ден и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.