| четврток, 6 декември 2018 |

Металург против Санта Колома од Андора, Шкендија и Хоризонт Турново ќе патуваат во Грузија и во Молдавија

Македонските преставници во Лига на Европа ги добија своите противници во првото квалификациско коло.
Металург очекувано доби полесен противник бидејќи беше носител во првото коло. Клубот од Автокоманда ќе игра против претставникот на Андора Санта Колома.

Metalurg

Другите два македонски претставника Хоризонт Турново и Шкендија ќе играат со источноевропски тимови. Турново ќе патува во Грузија и ќе игра со Чикура Сашкере, додека Шкендија ќе игра против молдавскиот претставник Ѕимбру.
Првите натпревари се играат на 3 јули, додека реваншите се закажани за една недела подоцна на 10 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top