| четврток, 6 декември 2018 |

Металург од втор, а Вардар од петтиот барабан

Во пресрет на ждрепката во петок за групите од Лигата на шампионите во ракомет, европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди барабаните по кои ќе се изврши истата.
Македонскиот шампион и овогодинешниот четвртфиналист во најсилното натпреварување Металург, ќе биде биде во вториот барабан, највисоко пласиран во досегашното учество во ова натпреварување.
Вториот македонски претставник Вардар кој во жрепката влезе преку добивање на пропусница од ЕХФ е сместен во петтиот барабан. Заедно со Вардар кој со неколкуте нови засилувања најави и атак на тронот следната сезона се и ПСЖ, актуелениот шампион Фленсбург и Алборг од Данска што значи дека не може да се паднат во иста група.
Металург е заедно со Колдинг од Данска, Целје од Словенија, Данкерк од Франција.

Барабан 1: Кил (Германија), Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Кјелце (Полска)
Барабан 2: Колдинг (Данска), МЕТАЛУРГ (Македонија), Целје (Словенија), Данкерк (Франција)
Барабан 3: Загреб (Хрватска), Чеховски медведи (Русија), Кадетен (Швајцарија), Алингсас (Шве)
Барабан 4: Рајн-Некар (Германија), Ла Риоха (Шпанија), Пик Сегед (Унгарија), Висла (Полска)
Барабан 5: Фленсбург (Германија), Алборг (Данска), ВАРДАР (Македонија), ПСЖ (Франција)
Барабан 6: Монпелје (Франција), квалификант 1, квалификант 2, квалификант 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top