| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна временска прогноза

Денеска и утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе имаат пообилен карактер. Во источните делови ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на ситен град

Пороен дожд и поплави најавува Управат за хидрометеорологија во својот вондреден извештај за временската прогноза за денеска и утре.

„Денеска и утре ќе има врнежи, кои на места ќе имаат пообилен карактер. Во источните делови ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на ситен град. Локално се очекува да наврнат повеќе од 40л/м2. Во среда ќе има повремен слаб дожд, а на планините заради заладувањето ќе има слаб снег“, информираат од УХМР.
Поради високата температура, снегот на планините ќе почне забрзано да се топи што ќе го зголеми нивото на вода во реките и езерата. Од УХМР предупредуваат на можно излевање на водотеците во Струмичко, Радовишко, Валандовско и Гевгелиско, како и на р. Струмица, во подрачјето на Сушево и Ново Село.
Медиумите веќе објавија дека во реките во Струмица веќе се излеваат и поплавуваатдел од обработливото земјиште и улиците во некои населени места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top