| четврток, 6 декември 2018 |

Малезија демантира дека пилотот на исчезнатиот „боинг“ е првиот осомничен

Малезискиот министер за транспорт, Тун Хусеин, денеска ги демантираше тврдењата на лондонскиот „Телеграф’’, според кои главен осомничен за исчезнувањето на исчезнатиот малезиски „боинг“, кој исчезна на 8 март, со 239 патници, е првиот пилот Захарие Сах.

malezija_boeing_pi_649122S1

„Телеграф“ тврдеше дека повод за пренасочување на истрагата се снимките на домашниот симулатор на летење на кој, наводно, главниот пилот вежбал како да го киднапира авионот со кој управува.

Иако по исчезнувањето на малезискиот авион се веројатни сите претпоставки, дури и оваа според која капетанот на авионот на рутата Куала Лумпур – Пекинг два часа по полетувањето ги деактивирал уредите за врска и слетал на некој изолиран остров, единствено што е сигурно е тоа дека истрагата не тргнала од почетната точка.

Потрагата по исчезнатиот авион сега е фокусирана на околу 60.000 квадратни километри во јужниот дел на Индиски Океан. Таму океанското дно го пребаруваат кинески и австралиски бродови и подморници, опремени со најсовремени апарати за детектирање на невообичаен материјал на морското дно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top