Изложба или поточно ликовен перформанс под отворено небо, под наслов „Метаморфоза“, ќе биде отворена вечерва, на 23 јуни, на локациите на централното градско подрачје (Дом на АРМ, плоштад Македонија и плоштад Филип Втори).
Во овој проект, на кој како куратор се јавува Христијан Санев, ликовен уметник и член на раководството на ДЛУМ, учествуваат повеќе автори: Гордана Вренцоска, Исмет Рамиќевиќ, Деспина Крстевска, Филип Фидановски, Ели Аиноска, Јана Манева Чупоска и Јовица Мијалковиќ, кои со своите дела работени во повеќе ликовни медиуми имаат цел да одговорат на овој предизвик.
– Во оваа брзо и хаотично секојдневние на интереси, во областа на истражувањето, уметниците се движат во две насоки: едната води кон човекот (авторот) внатрешно, во потрага по приватни простори и лични идентитети, а вториот кон надвор: неговата околина, во потрага по нови светови и нови хоризонти. Современиот визуелен дискурс во двата случаи нуди нови интригантни можности во изразувањето, неограничувајќи го ликовниот говор притоа ширејќи ја ликовната синтакса во импозантни неограничени размери – вели Санев.
Овој вечерен ликовен перформанс е со почеток во 20 часот, а посетителите ќе можат да ги посетат локациите сѐ до 24 часот. Дел од авторските дела можат да се посетат само одредени саатници, и тоа: Ликовниот перформанс на Јовица Мијалковиќ – 20.30 часот, плоштад „Филип Втори“, ликовно-театарскиот перформанс на Јана Манева Чупоска – 21 часот, излог на продавница „Калиопе“ и ликовниот перформанс на Филип Фидановски – 22.30 часот, ресторан „Тиволи“,
Останатите ликовни дела ќе бидат видливи во текот на целата вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.