| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд и Меркел го повикаа Путин да поддржи дијалог во Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел, го повикаа денеска претседателот на Русија Владимир Путин да придонесе за обновување на дијалогот на властите во Киев со проруските сили на исток во Украина заради прекин на кризата.

Во телефонски разговор меѓу тројцата лидери, Оланд и Меркел „повикаа сите страни во конфликтот да ги запрат непријателствата, а рускиот претседател да промовира продолжување на преговорите“.

Во соопштение се додава дека Оланд и Меркел ги имале предвид соопштенијата на Путин.

– Тие повторија за значење на фактот за обезбедување целосна контрола над руско-италијанската граница за да се спречи префрлање опрема и вооружени луѓе“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top