Автостоп е поим за авантура и слобода. Многу млади луѓе на тој начин запознаваат нови земји. Во Германија и оваа година се органзира натпревар во автостоп од Вирцбург до Охридското Езеро.
Во нејзиниот глас јасно се слушаат радоста и љубопитноста. Лена Мукерман се радува на свото прво патување со автостоп. Заедно со повеќе од 100 млади оваа 24-годишна студентка од Дортмунд на 16. август ќе тргне на пат од Вирцбург кон Македонија. Без авионски или автобуски билет. Нејзиниот палец ќе биде влезница во туѓиот автомобил.
Од 2008 секоја година стотици млади луѓе со автостоп патуваат низ Европа. Мината година патот ги водеше кон Мазурите во Полска. При патувањето со автостоп не станува збор за тоа што е можно поевтино да се стигне од едно до друго место. „Автостоперите бараат авантура“, вели коорганизаторот Марко Вебер. Тие сакаат да запознаат нови интересни луѓе – од милионери до самохрани мајки. „Никогаш не се знае со кого се качувате во автомобил“, вели Лена Мукерман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.