| четврток, 6 декември 2018 |

Византиски комонвелт

gorazd-capovski-90x115

Колумнист: Горазд Чаповски

И по­крај за­бе­ле­жи­тел­ни­те раз­ли­ки во оп­штес­тве­ни­от и по­ли­тич­ки жи­вот, источ­но­е­вроп­ски­те зем­ји во сред­ни­от век фор­ми­ра­ле единс­тве­на ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца ба­зи­ра­на на за­ед­нич­ка кул­тур­на тра­ди­ци­ја, ко­ја за ос­но­ва ја зе­ма ви­зан­ти­ска­та кул­тур­на тра­ди­ци­ја. Нив ги вр­зу­ва­ла иста­та источ­но-хри­сти­јан­ска ве­ро­ис­по­вед, со кон­стан­ти­но­пол­ска­та цр­ква ка­ко мај­ка, ви­зан­ти­ски­от им­пе­ра­тор ка­ко из­врш­на власт и рим­ско-ви­зан­ти­ско­то пра­во ка­ко суд­ски си­стем, за раз­ли­ка од анг­ло­са­ксон­ски­от пра­вен си­стем, кој де­нес го упо­тре­бу­ва­ме во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Овој кон­цепт е по­лез­на глед­на точ­ка за сог­ле­ду­ва­ње на ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си во Источ­на Евро­па во тоа вре­ме, а бо­га ми и де­нес би­деј­ќи очиг­лед­но ра­бо­ти­те не се мрд­на­ти од мр­тва точ­ка.

Ос­но­ва на овој кон­цепт, кој со­ци­јал­ни­те ан­тро­по­ло­зи го на­ре­ку­ва­ат акул­ту­ра­ци­ја, е оп­штес­тва­та со раз­лич­ни кул­ту­ри да ста­пу­ва­ат и да се ме­ша­ат во не­по­сре­ден и тра­ен до­пир. Ме­ѓу­тоа, не оде­ло сè баш тол­ку лес­но. Ви­зан­тиј­ци­те, вер­ни на хе­ле­ни­стич­ко­то нас­ледс­тво, ба­рем на по­ле­то на кни­жев­но­ста, ни­ко­гаш не се ос­ло­бо­ди­ле це­лос­но од убе­ду­ва­ње­то де­ка Сло­ве­ни­те, кои го при­фа­ти­ле грч­ко­то хри­сти­јанс­тво, не се ни­што дру­го освен – вар­ва­ри. Иста­та двос­мис­ле­ност се ја­ву­ва и кај Ма­ке­дон­ци­те, Ср­би­те, Бу­га­ри­те… Ви­зан­тиј­ци­те ре­тко би­ле оми­ле­ни ме­ѓу нив. Со­о­че­ни со над­моќ­на­та ве­шти­на и со сом­ни­тел­ни­те ме­то­ди на дип­ло­ма­ти­ја, на­ши­ве дош­ле до убе­ду­ва­ње­то де­ка цар­ски­те аген­ти на те­рен би­ле ин­три­ган­ти, на кои не мо­же­ло да им се ве­ру­ва. Еден ру­ски ле­то­пи­сец, око­лу 1100 го­ди­на, за­пи­шал: „Гр­ци­те оста­наа из­мам­ни­ци до ден де­не­шен“.

Се­пак, ова чув­ство на не­до­вер­ба и на по­вре­де­на гор­дост изб­ле­де­ло пред го­ле­ми­на­та на ин­те­ле­кту­ал­ни­от и ду­хо­вен свет на ви­зан­ти­ски­от ко­мон­велт. Ре­ли­ги­ја­та и пра­во­то, кни­жев­но­ста и умет­но­ста – си­те по­све­до­чи­ле за фа­ктот де­ка нив­ни­те обра­зо­ва­ни кла­си би­ле ви­зан­ти­ски уче­ни­ци. За овој ам­би­ент да би­де ус­пе­шен му би­ле нуж­ни тво­реч­ка енер­ги­ја и кос­мо­по­лит­ски ка­ра­ктер спо­со­бен да ги пре­мо­сти и др­жав­ни­те гра­ни­ци и ја­зич­ни­те ме­ѓи. Два та­кви ам­би­ен­та ја охра­бри­ле сред­ба­та ме­ѓу Ви­зан­тиј­ци­те, од ед­на стра­на, и Ма­ке­дон­ци­те, Ср­би­те, Ру­си­те и Бу­га­ри­те од дру­га­та стра­на. Ед­ни­от ам­би­ент е со­др­жан во ки­ри­ло­ме­то­ди­ев­ска­та тра­ди­ци­ја, а дру­ги­от во вер­ско­то и кул­тур­но дви­же­ње, кое на­ста­на­ло во све­то­гор­ски­те ма­на­сти­ри.

Та­ка, на­ста­нал нов кни­же­вен ја­зик, кој им бил раз­бир­лив на си­те – стар, цр­ков­нос­ло­вен­ски ја­зик, кој ста­нал трет ме­ѓу­на­ро­ден ја­зик во Евро­па, вед­наш по грч­ки­от и по ла­тин­ски­от. Ки­ри­ло­ме­то­ди­ев­ска­та тра­ди­ци­ја соз­да­де еден вос­хи­ту­вач­ки ка­нал за ши­ре­ње на ви­зан­ти­ска­та кул­ту­ра и на хри­сти­јанс­тво­то во Источ­на Евро­па. Све­та Го­ра го прет­ста­ву­ва­ла вто­ри­от сто­жер на ви­зан­ти­ски­от кул­ту­рен ко­мон­велт. Пр­ви­от ма­на­стир бил ос­но­ван во 963 го­ди­на. Ма­на­сти­ри­те ста­на­ле го­ле­ми кни­жев­ни цен­три во кои ви­зан­ти­ски­те ре­ли­ги­оз­ни пи­са­ни­ја би­ле пре­ве­ду­ва­ни на сло­вен­ски ја­зик. Кон кра­јот на сред­ни­от век, ме­ѓу­на­род­на­та уло­га на Све­та го­ра ста­на­ла уште поз­на­чај­на со дви­же­ње­то што де­нес е поз­на­то ка­ко – иси­ха­зам. Дви­же­ње­то ги по­вр­за­ло за­ед­но, ве­ро­јат­но поц­вр­сто од ко­га и да би­ло, раз­ни­те де­ло­ви на ко­мон­вел­тот.Не­го­ва­та по­сред­нич­ка уло­га се по­ка­жа­ла не по­мал­ку важ­на од уло­га­та што ја оди­гра­ла ки­ри­ло­ме­то­ди­ев­ска­та тра­ди­ци­ја.

Из­ми­наа ве­ко­ви од па­дот на Ви­зан­ти­ја, а гра­дот на Бо­сфор де­нес има со­се­ма дру­го ге­о­по­ли­тич­ко зна­че­ње. Се­пак, проб­ле­ми­те на Ви­зан­ти­ја се акту­ел­ни и де­нес. Мо­же­би кре­а­то­ри­те на по­ли­ти­ка­та на де­неш­ни­ве „Ви­зан­тиј­ци“ тре­ба мал­ку да се освр­нат на исто­ри­ја­та, пред сè во кон­текст на за­ед­нич­ко кул­тур­но обе­ди­ну­ва­ње.

(објавено во 19. број на неделникот „Република“, 11.01.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top