Македонски одбојкари блескаат во дебитантскиот настап во Европската Лига и по пет меча со максимален учинок се на врвот на табелата во групата Б.
Вечерва на домашен терен „лавовите“ со 3-1 ја совладаа Турција и го продолжија блескавиот поход во Европа. Во првите два сета доминиравме и со 25-21 и 25-18 поведовме со 2-0 во сетови, но Турците се заканија со пресврт, откако го добија третиот сет со 25-21.
Сепак за да продолжи низата се погрижија одличните одбојкари во „црвено-жолти“ дресови, па финиширавме со убедливи 25-20, за импресивен биланс од 5-0 во победи. Втора е Словенија со 4 победи од исто толку натпревари, а Турција и Австрија имаат по една победа. Данска е последна со 4 порази без ниту еден успех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.