| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на европски филмови викендов во Прилеп

прилеп 2

Прв фестивал на европски филмови ” Festival on Wheels” ќе се одржи викендов (21 и 22.6.2014) во киното Мис Стон, почнувајќи од денеска од 12 часот па завршувајќи во недела во 20 часот. Ќе се одржат проекции од различни европски центри, со тематски филмски работилници од отворен тио, како и неделно детско матине со проекција на анимиран филм. Со фестивалот се сака да се поттикне дистрибуцијата на европски филмови и да се подигне свеста кај македонските граѓани за овој дел од филмската продукција. Со проекцијата пак на детските анимирани филмови ќе им се овозможи и забава на најмладите

Програма за фестивалот на нов еропски филм

Денеска 21 јуни
12 00 Филмска работилница
18 00 Лоре
20 00 Борбени девојки

Недела 22 јуни

12 00 Детско Матине – Големата мечка (анимиран)
18 00 Ѕид
20 00 Да ја изгубиш главата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top