„Геро, имаш 24 часа да објавиш демант и извинување за клеветата за мене, инаку ќе бидеш првиот и се надевам последниот новинар кој сум го тужел!“- се закани Саше Ивановски, основач и сопственик на Мактел.мк
Ивановски во текстот посочува:
„Исто како и Ацо Кабранов, и јас имам став дека новинарите не треба да се тужат меѓу себе. Но тоа особено се однесува на навреда, сметам дека можеме да се нарекуваме и навредуваме до бесвест, сепак тоа е во делот на дозволеното во една страсна и жестока политичка и општествена дебата. Но кога е во прашање клеветата, мислам дека тука работата е различна, и ако некој упорно сака за вас да измислува афери и скандали во кои не сте учествувале и кои се гола лага, тогаш мора да постои начин како луѓето можат да се спасат од тие напасници кои лажат и калемат етикети.
Јас веќе подолго време сум мета на такви лажни етикетирања од уредникот на Слободен Печат и Плусинфо. Прво пред неколку месеци за мене на својот фб профил изнесе лажни тврдења дека сум зел цигли од Зоран Заев и сум ги продал на друг градоначалник и него сум го заебал па сум го оставил без цигли (тотално луда приказна 😀 ) a сега во два наврати во колумни за мене шири лага дека често сум одел во просториите на ДБК?! Тоа би требало да значи дека сум близок и соработувам со директорот на ДБК и еден од најмоќните луѓе на ДПМНЕ, Сашо Мијалков.
Сметам дека ова е срамен низок валкан обид да се дискредитира моето име. Жално е што овие лаги доаѓаат од еден стар новинар кој бил децении уредник и кој дури и држел и сеуште држи предавања на млади новинари и ги учи на новинарска етика и морал?!
Преку оваа колумна му праќам порака на Бранко Геровски: имаш 24 часа да се извиниш за твоето тврдење и да ја повлечеш колумната или да го избришеш делот каде ме клеветиш, инаку ќе бидеш првиот новинар и се надевам послендиот кој сум го тужел!“-
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Откако Ѓоковиќ го тужеше Рио де Женеиро, сега бразилските власти го тужат Ноле