Што барал во Грција лидерот на СДСМ е главното прашање кое што се наметнува по откривањето на информациите дека Заев минатата година во повеќе наврати патувал во Солун и други локации кај јужниот сосед.
Едно од потпрашањата кои неминовно се наметнуваат е како е можно Заев како лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица кој логично е пренатрупан со обврски имал слободно време за лежерни посети на Грција.
А тие се случувале во моменти кога се случувале сериозни настани поврзани со македонската надворешна политика како преговори за името во Њујорк и Самит на Европската унија на која се расправа за македонската европска иднина.
Која е причината во моменти кога лидер на најголема опозициона партија се соочува со нови избори да патува на тајни средби за кои ни општината која ја раководи нема објавено ниту збор ниту пак партијата на чие чело е не објавува дека лидерот е на средби во Грција.
Простата политичка логиката вели дека Заев во Грција и покрај тоа што ќерка му е тинејџерка и веројатно сака да купува гардероба и шминки во елитните солунски продавници сепак во Грција имал друга, многу поважна работа.
Неверојатно е дека човекот кој што сака да дојде на власт по секоја цена и кој не се откажа од водење на Струмица кога стана лидер на СДСМ да има време за куртоазни средби со градоначалници на солунски општини и чекање на семејството додека тоа пазари во солунските трговски центри.
Се додека Заев не се изјасни што барал и што евентуално добил во Грција претпоставките водат во неколку насоки.
Никој во овој контекст не може да исклучи дека земјата во која што медиумите блиски на премиерот Самарас многу пати отворено даваат поддршка за менување на власта во Македонија и „навиваат“ за СДСМ нема да се обиде да му помогне на лидерот на опозицијата да дојде на власт.
Начините за да се стори тоа се многу, од финансирање на партијата која што е во целосен банкрот, обезбедување документи за илегални трансакции на грчки фирми како во случајот „Актор“ , важни информации кои што може да се искористат во политичката битка асе прибрани од силната разузнавачка мрежа на јужниот сосед па се до докази кои што би можеле да се искористат во судски процеси во кои што се инволвирани и Заев и партискиот портпарол Шилегов.
Според неофицијални информации кои што кружат во дипломатските кругови а за кои нема официјална потврда Заев на средбите во Грција или барал финансиски средства или монтирани материјали кои што можат да се искористат за напади врз Груевски.
Искуството со понудата на грчките емисари кои што според тврдењето на покојниот претседател Киро Глигоров преку екс министерот за внатрешни работи Фрчковски нуделе еден милион долари за да се смени името или информациите дека кампањата на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Боошковски ја финансирале грчки извори по што во неговото возило полицијата заплени 100,000 евра, покажуваат дека секогаш кога се во можност Грчките власти ќе се обидат да поткупат влијателни македонски политичари кои што би играле по нивни ноти.
Дали Заев бил во таква ситуација и дали се нафатил со грчка помош да ја урива македонската влада најверојатно нема да биде никогаш откриено освен ако е тоа точно и ако грчките служби проценат дека еден ден кога тоа ќе им биде од корист и тоа биде јавно објавено.
Во секој случат лидерот на СДСМ ќе мора да даде прецизни аргументи што барал толку често и во толку критични моменти за Македонија на наводните лежерни патувања во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


