| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и Заев на кафе во вторник

gruevski-zaev

Наместо денеска во 13 часот, премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ќе се сретнат во вторник.

Изминатиот викенд Груевски изјави дека е подготвен да понуди пакет-мерки за надминување на кризата.

Лидерот на СДСМ изјави дека дневен ред на неговата средба со Груевски ќе бидат само овие пет точки: формирање техничка влада, што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори, одвојувањето на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и јасно прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top