| четврток, 6 декември 2018 |

Хаику 2

Budimka-Popovska-2_90x115

Будимка Поповска

тирада
јас, клаудиј, ти, рада

квазар
кокошка – коцкар

рингишпил
играње карти во ринг

оџак
за вреќата

‘рж
ракомет за жени

овес
друштво на нафтни магнати во кирилична транскрипција

мик џегер
изнутрица со палачинка

ѕид
его, супер его и бесконечно тоа

тао
некој си игра со самогласките

честак
место со партизанска вибрација

омен
еј, човече

аман
а човекот?

тинунину
приспивна песна за очајници

гватемала
гвинет, палтроу кога била бебе

чаре
магичен излез

биро
маса со пиво

привид
очигледно

карневал
возило што не оди по вода

стрип
сопатник (исто и: моминската лозинка на мерил)

куфер
праведен коефициент

загорка
женски дух со секира

загор
тенеј

биртија
пиво, ти и јас

ладовина
овен во зима

вортекс
продавница за ткаенини

ескапизам
скапотија во бегство и тотална распродажба

лук
изглед, ако е црн – кромид

ишијас
мојот врат

магдонос
магда гледа само до носот, не и подалеку

мајстор
моја продавница

фортуна
за рибата

умник
заб којшто мисли

спиноза
вртоглавица од спинови

тортура
час по јадење торта

цунами
бакнежи

тендер
нежно, навистина: Вуди Ален и Славица

мистик
човек што џвака мастика на таинствен начин

конетикат
нетактичен човек кој контактира преку тикови

крај
буквата к пред вратата на рајот

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top