Управниот одбор на „Стратегијата 2020 на Југоисточна Европа“ (ЈИЕ 2020) на Регионалниот совет за соработка (РСС) денеска во Букурешт одржа прв состанок. ЈИЕ 2020 е заедничка стратегија за економскиот развој на седум држави, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Стратегијата ја иницираа и ја договорија годинава владите на овие држави.
Еден од инструментите кој ќе биде на располагање за спроведување на ЈИЕ 2020 е фондот ИПА 2, инструментот на ЕУ за претпристапна помош, преку кој во следните седум години ќе бидат обезбедени 11,7 милијарди евра.
Со спроведувањето на 86 заеднички мерки, државите планираат да ги отстранат трговските бариери, заеднички да го промовираат регионот на странските инвеститори, да финансираат истражувачки програми, да развијат енергетска и транспортна инфраструктура, да овозможат мобилност на работниците на целата територија на Балканот, да ги подобрат владините услуги, како и амбиентот за бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


