| четврток, 6 декември 2018 |

Каква мајка таква ќерка – зимска колекција на Долче и Габана

Тотално идентични, истовремено и романтични и урбани парчиња за малите и големите дами, презентира дизајнерското дуо Долче и Габана во својата зимска колекција за 2014/15 година.

majka

Во детската колекција на италијанскиот бренд буквално е реинтерпретирана фразата „Каква мајка, таква ќерка“ со избор на пет комплети што истовремено го носат луксузниот предзнак на брендот, ама сепак  целосно адаптирани за малите девојчиња.

majka 2

Линијата во основа е романтична игра помеѓу веселите цветни принтови и богата тантела стилизирани во лелеави фустани и здолништа кои и визуелно зборуваат за идентитетот на тандемот мајка-ќерка.

majka 3

majka 4

majka 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top