Со ревијата на Том Форд почна Модната недела во Њујорк. Новата колекција есен-зима 2016 година е инспирирана од модата во седумдесеттите години. Доминираа јакни со ремени на половината, долги здолништа и кошули со високи јаки, кожени чизми.
Модната недела, која почна во Њујорк, би требало да ги претстави колекции за пролет и за лето 2017 година, но со оглед на новиот концепт што го почна „Барбери“, колекцијата е наменета за зимската сезона.
Со тоа ќе се смени начинот на прикажување на колекциите, но и самите изданија на модниот викенд.
Колекцијата на Форд за оваа есен и зима изобилува со кожа, крзно, сомот и тоа во вистинска „зимска“ палета на бои од црна и сива до зелена и сите нијанси на кафена. Форд кожата ја обоил со техника омбре, моделите имаат детали од крзно, има капути од штоф со розово крзно, а здолништата се збогатени со ремени.
Исто така, многу се интересни и убаво скроени палтата со тесна половина и со нагласени колкови.
Во последниот дел од колекцијата Форд понуди и неколку вечерни фустани од кадифе, украсени со светки во метални тонови во сребрена или темносина боја.
За крај на оваа колекција, Форд претстави и неколку машки модели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.