| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската армија и антивладините бунтовници размениле мртви тела (фото)

Антивладините бунтовници и војниците на Киев денеска разменувале мртви тела во источниот град Карливка во близина на Донецк. Огнот, сепак, не запре. Иако имало таков договор, престрелки почнале пред да заврши размената на телата.

Антивладините бунтовници од таканаречената Народна Република Луганск, облечени во маскирни костими и маски, мавтале со бело знаме. Тие се сретнале со украинските војници, кои носеле бело знаме со црна лента. Бунтовниците од Луганкс ги зеле телата на девет свои мртви соборци и на 12 повредени борци, а на украинските сили им ги предале останките на над 100 војници.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top