
Подготвителното рочиште за судскиот процес за клевета во кој премиерот Никола Груевски бара отштета од Заев од половина милион евра за претрпена душевна болка, предизвикана од обвинувањето дека при продажбата на Македонска банка посредувал и побарал 1,5 милион евра, е одложено.
Рочиштето е одложено за 3 јули, откако адвокатите на одбраната доставија обемен поднесок со докази, вклучувајќи го и вештачењето на гласовите од снимката, поради што судот реши да го прекине подготвителното рочиште за да може подобро да се запознае со содржината на поднесокот.
На ова реагираше адвокатот на тужителот Груевски, Никола Додевски, кој побара од судот подготвителното рочиште да не се одложува и да продолжи денес. На следното рочиште судскиот совет треба да се произнесе и по барањето на адвокатскиот тим на Заев околу прекин на паричната постапка бидејќи за истиот случај се води и кривична постапка откако претставници на опозицијата поднеле приватна кривична пријава до јавното обивнителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


