| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Фелипе стапи на шпанскиот престол (ФОТО)

Принцот Фелипе стапи на шпанскиот престол ноќеска на полноќ откако кралот Хуан Карлос го потпиша законот со кој тој и формално абдицираше, предавајќи му ја круната на својот син.

King Juan Carlos I Abdication and King Felipe VI Proclamation

Церемонијата на потпишувањето на законот почна во 22 часот, во присуство на само 160 гости и членови на кралското семејство. На церемонијата присуствуваше и шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Новиот шпански крал формално ќе положи заклетва денеска во Парламентот. Тоа ќе биде првата кралска транзиција во земјата по обновата на демократијата во 1975 година.

Според шпанскиот протокол, денешната заклетва повеќе ќе наликува на прокламација за устоличувањето на новиот крал отколку вистинско крунисување, иако за оваа церемонија ќе бидат донесени шпанската кралска круна од 18 век и кралскиот скиптар од 17 век.

King Juan Carlos I Abdication and King Felipe VI Proclamation

Двете главни шпански политички партии ја подржуваат монархијата и го помогна процесот на транзиција на престолот, од кралот Хуан Карлос на неговиот син, принцот Филипе, иако дел од крајната левица и некои антимонархистички групи и организации заговараат враќање на републиканското уредување од дваесеттите и триесеттите години на 20 век.

Хуан Карлос (76) ја најави својата абдикација минатиот месец, но бидејќи шпанскиот Устав нема предвидено пренос на кралската круна, беше покрената постапка за донесување нов закон, со кој се регулира кралската транзиција.

King Juan Carlos I Abdication and King Felipe VI Proclamation

Синоќешниот кралски потпис на законот за тој да стане правосилен го означи и завршувањето на 39-годишното владеење на Хуан Карлос. На престолот тој дојде веднаш по смрта на Франциско Франко и во изминатите безмалку четири децении кралот има голема заслуга за обновата и зацврстувањето на демократијата во Шпанија.

Храбро се спротивстави на обидот на крајната десница во 1982 година, со за воен удар да предизвика враќање на автократијата, а силно се спротивствуваше на сите облици на сепаратизам во земјата.

King Juan Carlos I Abdication and King Felipe VI Proclamation

 

Фото: ЕПА

Неговото абдицирање беше примено со изненадување во домашната јавност, иако не беше неочекувано поради здравствените проблеми со кои се соочува остарениот крал последниве години, како и поради намалувањето на угледот на кралското семејство поради корупцискиот скандал, во кој се вмешани ќерката и зетот на Хуан Карлос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top