| четврток, 6 декември 2018 |

ОДИХР ја почнува набљудувачката мисија

izboriКанцаларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска и формално ја почнува набљудувачката мисија на локални избори во Македонија, што треба да се одржат на 24. март.

Се очекува шефот на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс да ги претстави улогата и активностите на мисијата. Аренс според најавите ќе предводи 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи.

Тој веќе има искуство во Македонија – беше специјален пратеник на претседателството на ОБСЕ во 1999 година. Во својата кариера има учествувано во мониторинг и на изборите во Украина, Белорусија, Азербејџан, Грузија, Србија, Ерменија, Исланд и Норвешка.

Набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија ќе функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top