| четврток, 6 декември 2018 |

Ноле и Јелена ќе добијат син

Јелена-и-Новак-Ѓоковиќ

Најдобриот српски тенисер и светскиот рекет број два Новак Ѓоковиќ и неговата идна сопруга Јелена Ристиќ ќе станат родители на момче.

Како што ексклузивно објави српски „Курир“, веста дека Ноле ќе добие машки наследник, познатиот спортист и неговата сопруга ја откриле на последниот лекарски преглед во Монте Карло, каде што Јелена ја води својата бременост.

Сепак,  Јелена сѐ уште не донела одлука каде ќе се породи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top