| четврток, 6 декември 2018 |

Седум сообраќајки во Скопје – неколкумина повредени

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција извршила увид на седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил возач на патничко моторно возило.

Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда.

Првата незгода се случила во 10:50 часот на ул. „11 Октомври“ во која учествувал автобус на ЈПС „Скопје“, управуван од граѓанин на Скопје и патник кој се превезувал во автобусот. При нагло запирање патникот паднал и со возило на Брза помош пренесен е во Градската болница „Св. Наум Охридски“, каде стручни лица констатирале тешки телесни повреди.

Втората незгода се случила на ул. „Индира Ганди“ во која учествувале патничко моторно возило „фиат“ со штипски регистарски таблички и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а со телесни повреди се здобиле две лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште осум незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден  сообраќајната полиција санкционирала седум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и ги исклучила од сообраќај, двајца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата и осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top