Популарната хрватска пејачка Северина која моментално се наоѓа во Бразил за да ги бодри „коцкастите“ на СП, заврши во болница во Рио.
Пејачката се онесвестила на аеродромот во моментот кога се обидувала да се врати за Хрватска. Веднаш и била пружена лекарска помош а поради умор сепак завршила на инфузја.
Навивачите кои ја виделе на аеродромот кажуваат дека изгледала лошо и исцрпено. По инфузијата пејачката се чувствувала подобро и тргнала назад кон дома.
– Северина е прекрасна личност, многу забавна и пријатна. На нашите навивачи им даде голема поддршка, а се фотографираше и со оние од БиХ. Се надеваме дека ќе оздраве побрзо – рекол еден навивач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!


