| четврток, 6 декември 2018 |

Блерина оштетена од грчките судии во финалето бидејќи е од Македонија

blerinaБалканскиот шампионат во џудо кој се одржа викендот во Солун поминал на скандалозен начин, откако претставничката од Македонија Блерина Сефери e тешко оштетена во финалето зашто судиите од раце и ја земаа победата, објави „Yllpress“.

Според Сефери, таа четири пати ја фрлила нејзината турска противничка, но страничните судии не реагирале да и дадат поени, освен главниот судија кој на крајот и рекол на Блерина дека била најдобра, но политиката го направила своето.

– Сериозно сум оштетена во финалето, затоа што Грците не дозволија во ниту еден момент македонското знаме да се подигне горе и да се пее химната, затоа им беше полесно да ме оштетат и тоа го постигнаа во финалето – изјави Сефери.

Претходно Блерина без големи проблеми ги победи Елма Луцина од Црна Гора, Одоракопу од Грција и Мерве Тадс од Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top