„Според извори на Фејсбук нашите другари и другарки специјалци утврдија дека во текот на неделата зад нас во нашите редови е фатена филтрирана вмровска црна тројка која што ни работела зад грб“ – ова е дел од извештајот на специјалната комисија на партијата која што еднаш беше државотворна а сега не е баш таква.
Истрагата покажала дека групата од три предавници нема муда да направи поголема беља во редовето на партијата.
Во партијата нема материјални докази дали навистина црната тројка нема муда но се претпоставува поради нивниот профил имаат недостаток на хормони кои што најчесто се наоѓаат кај мажи или мажишта.
Во врска со настанот народните претставници на чело со големиот Лидер Господин Господин Струмичко – Македонски дадоа проглас со кој од сите верни родољуби се бара во блиска иднина додека да падне ненародниот режим да се откажат од неколку активности.
За да се покаже единство ниеден член на партијата што некогаш беше државотворна не смее да заплаче и да пушти солза дури и ако се работи за солза радосница.
Членството не смее да пушти солза дури ни кога го слушаат својот велик лидер како кажува басми и политички вицови.
Се забранува а изведување песната „Во срцево носам една Роза сина , но помина некој Розата ја скина“. Оваа нумера може да се потпевнува но само акапела и во домашни услови.
Да се ископаат сите рози по дворовите и да се засадат тикви како симбол на непокорот и отпорот кон диктатурата.
Се забранува крстење на деца од сите полови со имињата Солза, Роза и Љубица за да се сотре семето предавничко.
Не е дозволено да се користи зборот Љубица ниту дериватите кои што потекнуваат од него како љубов, сакање, љубена, и други.
Ќе се преиспита можноста членството да го слуша најновиот албум на Љубојна додека не се утврди дали и групата е дел од заговорот против саканиот лидер.
Продолжува истрагата за четвртиот осомничен за работење зад грб.
Има индиции (или индијци) дека тој што носел дрес со боите на јужниот сосед е контролиран од еден таен Центар но нема докази дека е тој работел противно на отпоро.
Проглас до свите членове!
Војвода Бихаќки
*** Целта на „Војвода Бихаќки“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Војвода Бихаќки
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.