Габриел Шанел беше страстен патник, кој можеше да најде инспирација, буквално, во сè. Taa од размената на енергии со луѓето, патувањата, предметите, културите и традициите знаеше да создаде вистински модни ремек дела што и ден денс се сметаат за значајни постулати во градењето на модната индустрија. „Сенс оф плејс“ (The Sense of Places), новата изложба на модната кула Шанел е токму во духот на трагањето на креативниот клас на дизајнерката преку посетување и истражување на локации каде таа живеела, работела или уживала.
Изложбата е планирана да трае од 30ти август па до петти октомври во културниот комплекс „Донгдаемун дизајн плаза“ (Dongdaemun Design Plaza), футуристичко издание дизајнирано од најпозната архитектка Заха Хадид во Сеул. Изложбеното шоу ќе претстави повеќе од 500 фотографии, книги, објекти, ракописи и уметнички дела, но и колекции на накит, часовници и парфеми, потпишани од Шанел.
Поделени во десет секвенции, секој дел ќе се фокусира и ќе открива интересни детали од животот, творештвото и од колекциите на Габриел Шанел. Куратор на изложбата ќе биде Жан Луј Фромент.
– Оваа изложба го открива вистинскиот дух на модната куќа Шанел и фрла светло врз реалниот и замислениот живот на една од најистакнатите творци од дваесеттиот век – изјави Фромент за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.