Францускиот економски магазин “Шаланж“ направил истражување колку и при какви услови некои европски земји ги обесштетуваат своите граѓани кога ќе останат без работа.
Во Франција лимитот за исплата на финансиска помош на еден невработен може да изнесува и до 6.161 евро месечно. Француските власти исплаќаат помош од четири месеци до две години (до три години при услови невработениот да е на возраст над 50 години).
Во Германија максималниот износ е 2.215 евра во западниот дел на земјата, а 1.940 евра во источниот. Германците даваат помош во период од шест месеци до две години.
Невработените во Велика Британија најмногу што може да добијат е 381 евро месечно во рок од најмногу половина година.
Во Италија помошта која им се дава на невработените е во зависност од областа во која работеле лицата.
Рокот за исплата е 240 дена или 360 за возраст од над 50 години. Месечниот максимум на помош е 931 евро , ако земал плата до 2.014 евра месечно. Ако невработениот земал поголема плата од тоа помошта ќе изнесува 1.190 евра.
Шпанските власти на невработените им одобруваат месечна помош со максимален износ од 1.397 евра во рок од четири до две години. Данците кои ќе останат без работа земаат околу 2.295 евра во рок максимум од две години.
Белгија има најповолни услови за компензација при невработеност, односно 65 отсто од последната плата во првите три месеци, а потоа сумата се намалува на 60 отсто. Сепак, целата помош не смее да надмине 1.541 евро.
Во Австрија невработените добиваат помош во рок од три до 38 месеци со максимален износ од 144,75 евра на ден. Невработените Швајцарци, пак ќе добиваат помош во зависност од возраста, периодот на вработеност. Максималниот износ е 6.986 и може да се исплаќа во период од 200 до 520 денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



