| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети се сретна со новиот британски амбасадор Чарлс Герет

photo 2

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со новоименуваниот британски амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.

ДУИ соопшти дека Ахмети и Гарет разговарале за политичката ситуација во земјава како и за процесот на интегрирање на Македонија во НАТО и во Европската унија.

– Во врска со политичките збиднувања, Ахмети говореше за значајноста на интегративниот процес на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ахмети повтори дека страните се блиску до компромис, но дека за да се постигне долгоочекуваното решение, треба да се вклучи активно и меѓународната заедница – стои во соопштението.

Ахмети посочил дека за ДУИ, НАТО нема алтернатива и затоа макотрпно работеле за да се постигне членството во Северноатлантската алијанса додека зачленувањето во ЕУ бил процес кој што ќе се реализира по имплементирањето на реформите и потребните стандарди.

Како што се наведува во соопштението, Ахмети очекува СДСМ да се врати во Собранието и да ги презентира своите ставови во законодавниот дом.

– За сите конструктивни иницијативи, СДСМ ќе наиде на наша поддршка, но во овие значајни времиња за земјата, СДСМ треба да преземе одлуки за доброто на државата и граѓаните – истакнал Ахмети.

Лидерот на ДУИ му посакал успешна работа на амбасадорот Гарет и изразил убеденост дека блиската и успешна досегашна соработка со британската амбасада ќе продолжи и во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top