| четврток, 6 декември 2018 |

Руен пак во стечај

ruen

За неполна деценија, фабричката капија повторно е под катанец. По основа на пријавени побарувања од 96 фирми и поединци од Македонија и странство, втор стечај за Руен реши деновиве кочанскиот Основен суд.

– Ништо од овој малер што не следи десетина години. Никако да и тргне на фирмата од каде леб обезбедуваме за нашите семејства. Сега што ќе биде? на Бирото за вработување па потем и на улица – искоментира со лут тон еден од сегашните стечајни работници на Руен, откако ја дозна веста за стечајот, јави дописникот на Канал 5.

Пред десетина години од работ на банкротот, Руен го спаси државата, продавајќи го својот доминантен удел на францускиот бизнисмен Жан Мопа. Но, овие години, наместо малерот по егзистенцијата на работниците да го скрши, Мопа од постојните 1.200, на работа врати 350 работници. Немаше нагорна линија на успех, а имаше само задолжувања, продажба на машинскиот парк и неисплатени плати.

– Имаме пет плати не земани. Постојано не уверуваат дека утре задутре ќе дојде нов сопственик и ќе ни го реши проблемот,а во меѓувреме и ќе ни ги исплателе платите. Пред некој месец дадоа две плати, ама не на наша рака. Веднаш ги уплатија за огревните дрва за кои должиме – објасни еден од сега бившите вработени во Руен, веднаш по завршувањето на стечајното рочиште во кочанскиот Основен суд.

Ако се анулира побарувањето од најголемиот доверител НЛБ Тутунска банка, чија хипотека на имотот, е 35% од вкупните побарувања од доверителите, тешки 453 милиони денари, тогаш трошка надеж за отргнување на баксузот на кочанското стопанство, ја дава најавата на турски бизнисмен дека би го купил Руен, но со чиста сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top