Хрватската поп-ѕвезда Северина (42) веќе извесно време е во врска со првиот човек на хрватскиот фудбал Давор Шукер (46), пренесува српски „Курир“. Севе неодамна отпатува за Бразил каде наводно му се придружила на поранешниот фудбалер, кој во моментот е претседател на фудбалскиот сојуз на Хрватска.
Како што пренесува порталот тие заедно ги следат натпреварите на светскиот Мундијал во фудбал, на кој учествува и репрезентацијата на Хрватска.
– Одиме да навиваме. Лесно се одлучивме да одиме во Бразил, бевме поканети и ете заминуваме. Се надевам дека ќе победиме – изјави Севе на социјалните мрежи пред да замине за Бразил.
Како што пренесуваат хрватските медиуми Северина и Давор веќе извесно време се блиски пријатели, а пејачката неодамна ја сними и навивачката химна на Хрватска за Мундијалот.
Инаку Шукер во Хрватска важи за голем заводник, и досега бил во врска со неколку актери и манекенки како и позната тенисерка Ива Мајоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!