| четврток, 6 декември 2018 |

Добрите игри на СП вредат двојно, Венгер го враќа Кемпбел во Арсенал

Добрите игри на Светското првенство вредат двојно, а најдобар начин да го презентира тоа имаше извонредниот напаѓач на Костарика, Џоел Кемпбел. Момчето што има само 21 година беше ѕвезда на мечот против Уругвај и со гол и асистенција го урна двојниот светски шампион. Кемпбел покажа извонредна техника и брзина и беше вистонско откровение за симпатизерите на фудбалската игра. Неговиот квалитет, конечно, го виде и менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, па најави дека ќе му даде шанса на Џоел да се докаже кај „топчиите“. Венгер објави дека играчот со кој Арсенал во 2011 година потпиша договор, но потоа беше позајмен во Бетис, Лориент и во Олимпијакос се враќа на „Емирејтс“ во Лондон.

– Сигурно ќе го вратиме Кемпбел кај нас. Многу брзо созреа и ќе биде дел од составот на Арсенал – изјави Венгер.

Кемпбел им го украде шоуто на многу попознатите ѕвезди од Уругвај предводени од Кавани, Годин, Форлан, Лугано… и беше убедливо најдобар играч на теренот, а со негова помош Костарика направи сензација и победи со 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top