Цепелинот што го изведоа Дејан Манасков и Кирил Лазаров, по кој нашиот капитен постигна лесен гол на празна мрежа, ја крена публиката на нозе во салата „Борис Трајковски“. Македонија играше одлично против Грција, а атрактивните моменти се нижеа како на филмска лента.
Нешто подоцна во првото полувреме, расположениот Манасков постигна гол од зад грб во контра, а суперпотези презентираа и Ојлевски и Марковски. И Грците се вклопија во шоуто, па и тие имаа неколку одлични ракометни потези. Македонија, сепак, е многу поквалитетна од нашите јужни соседи и со две победи се пласира на СП во Катар следната година. Како шлаг на бараж-дуелите погледнете го двојниот цепелин на Манасков и на Лазаров во првото полувреме од реваншот во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.