Диетата која се базира на лубеница не е некоја конкретна диета. Туку додавањето на лубеницата во секојдневната исхрана може да биде корисно доколку сакате да ослабите.
Дури 92 проценти од лубеницата се вода, таа може да го ублажи вашиот апетит, да го ослободи телото од токсините и да ја подобри работата на дигестивниот тракт со што ќе ви помогне и да слабеете.
Ефикасноста на лубеницата е во тоа што преку неа во огранизмот внесувате многу вода, а притоа џвакате и голтате. Тоа ви дава чувство дека сте внеле повеќе калории отколку што мислите. Таа содржи и природен шеќер кој ќе ја скроти вашата желба за слатки и благо. А влакната кои се наоѓаат во лубеницата ќе направат да се чувствувате сити подолг временски период, па така се намалува и ризикот од прејадување.
Чекор 1
Газираните пијалoци и вештачките засладувачи заменете ги со лубеница и вода. Исечете парчиња лубеница (половина чаша) и замрзнете ги. Ставете вода во стаклена чаша и ставете ги во водата замрзнатите парчиња кои ќе ви послужат како коцки мраз. Овие парчиња може и да ги грицкате додека ја пиете водата. Една чаша сок од цедени портокали содржи 110 калории, а една чаша сок од јаболко 120 калории, овој пијалок има помалку од 50 калории.
Чекор 2
Јадете помали порции за време на оброците. Ова е сигурен начин да се намалат калориите и да се ослободите од вишокот на килограми, а лубеницата е вашиот сојузник во тој чекор. Јадете ја лубеницата во комбинација со малите порции на храна. На тој начин мозокот ќе помисли дека консумирате исто количество на храна како и претходно. Всушност, вие на ваков начин навистина ќе го изедете истото количество на храна како и претходно, но високо калоричните намирници во овој случај се заменети со ниско калоричната лубеница. На овој начин можете драстично да го намалите внесот на калории и нема да чувствувате глад.
Чекор 3
Јадете лубеница за десерт. Таа содржи витамини и минерали кои се одлични за вашето здравје. Покрај тоа, лубеницата е навистина вкусен и освежителен оброк. Изедете две кришки лубеница наместо висококалоричните колачи и торти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.