| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ не оди на Светското во Катар

Српските ракометари ја прокоцкаа сигурната шанса за пласман на Светското првенство во Катар. Репрезентацијата на Чешка ја поништи предноста од осум погодоци од првиот меч во Ниш и со убедливи 33-21 славеше над Србија, со што доби зелено светло за настап на следниот ракометен мундијал.

Србите одиграа очаен натпревар, а низата грешки во нападот ги коштаа десетина лесни погодоци од контранападите на Чесите. Дарко Станиќ немаше свој ден, па противникот го искористи тоа за веќе во првото полувреме да стигне до двоцифрена предност од 18-8, а домаќините го контролираа резултатот и до самиот крај.

Мотл со десет и Јурка со девет погодоци беа најпрецизни во таборот на Чешка, додека на спротивната страна Рниќ со четири гола беше најефиксен кај Србија. Само за посетување, Чешка е еден од ривалите на македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2016, заедно со селекциите на Франција и на Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top