Официјални лица на Саудиска Арабија објавија дека го прекинуваат дијалогот со Катар кратко после телефонскиот разговор помеѓу високите претставници на Катар и саудискиот престолонаследник. Двете страни претходно се договараа за одржување преговори за катарската криза. Саудиските државници го обвинија Катар за искривување на фактите за разговорот и соопштија дека ги прекинуваат преговорите, јавуваат медиумите.
Телефонскиот разговор кој се одржа во петок, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со двете страни,најпрво се сметаше за можен напредок во решавањето на кризата.Тоа беше прв службен контакт меѓу Ријад и Доха од почетокот на кризата.Саудиска новинска агенција наведува дека претставникот на Катар изразил желба да седне и да разговара за барањата на четирите земји, како и дека повеќе детали ќе бидат објавени откако Саудиска Арабија ќе постигне договор со Бахреин, Египет и Сиединетите Емирати.
Во меѓувреме, катарската новинска агенција извести дека саускискиот престолонаследник предложил именување на двајца претставници кои ќе ги решат контроверзните прашања на начин кој нема да влијае врз суверенитетот на државите.Веднаш потоа од Саудиска Арабија го обвинија Катар за несериозност во врска со дијалогот, соопштувајќи дека комуникацијата меѓу двете страни ќе биде прекината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.