| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската Влада ќе поднесе оставка и покрај добиената доверба

Бугарскиот Парламент денеска и изгласа доверба на коалициската Влада на левиот центар на бугарскиот премиер Пламен Орешарски.

bugarija-protest-03-13-2-608x320

Но, и покрај добиената доверба Владата во следните денови ќе поднесе оставка бидејќи двете партии во владејачката коалиција се согласија да организираат предвремени избори по лошите резултати на владејачките социјалисти на европските избори.

„За“ Владата гласаа 114 пратеници, 109 се изјаснија „против“, а еден беше воздржан.

Тоа беше петти пат да се гласа за доверба на Владата, која пред една година доби четиригодишен мандат.

Опозицијата бараше да и се изгласа недоверба поради владината фискална политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top