| четврток, 6 декември 2018 |

Кање Вест: Јас сум Бог, најголемата рок-ѕвезда на планетата!

кајн

Раперот Кање Вест и сопруг на старлетата Ким Кардашијан, очигледно, се идеализира себеси. Во својата нова песна ја опева својата величенствена личност…
– Зар не сум најголемата рок-ѕвезда на светот? Зар јас не сум тој што влијаеше на сите музичари? Зар не ја освоив девојката што ја сакав и со неа создадов семејство? – се прашува американскиот рапер во документарецот со помпезно име „Новиот завет на Кање Вест“.
За едни е арогантен рапер со огромно его, за други сѐ што вели е вистина, но едно е сигурно – Кање Вест успеа да отиде чекор понатаму и со својот документарец во кој објаснува зошто е бог, повторно да ги разбуди духовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top